Потер се правда: Челси имал лоши подготовки пред сезоната

Навивачите на Челси се разочарани поради резултати на тимот, и покрај потрошените големи пари за време на зимскиот преоден рок. Менаџерот Грем Потер е под притисок, со оглед дека има само една победа во последните 10 натпревари. Минатата седмица тимот загуби од „фенерџијата“ Саутемптон.

Сега Потер дел од вината за слабите резултати ја префрла кај минатиот менаџер, велејќи дека тимот имал лоши подготовки пред сезоната, а тоа го слушнал од играчите.

„Нормално е навивачите да бидат разочарани бидејќи загубивме дома од Саутемптон. Повеќе од нормално е да покажат дека се несреќни. Нашите резултати не се доволно добри. Разговарав со поискусните во тимот, и тие ми кажаа дека летоска ги имале најлошите подготовки. Турнејата пред првенството не помогнала, но не сум бил таму и не можам да кажам ништо. Сега имаме квалитет, но мораме правилно да ги вклучиме младите во тимот, а тоа нема да биде лесно“, рече Потер.

Се вчитува...