Потер се враќа, ќе го води четирикратниот европски шампион?

Англискиот менаџер Грем Потер, би можел да биде новиот тренер на Ајакс. Извори од Холандија откриваат дека преговорите се во напредна фаза, и дека наскоро договорот би можел да биде постигнат.

Англичанецот би го преземал тимот во следната сезона. Англичанецот е слободен веќе една година, откако доби отказ од Челси.

Потер чекаше добра понуда, и се чини дека му е предизвик да го води четирикратниот европски првак. Ајакс не е славен како некогаш, но првично ќе има задача да го врати на врвот на холандскиот фудбал.

Досега беше на големата сцена водејќи ги Брајтон и Челси, а направи чудо со Остерсунд од Шведска, кој од втора лига ги однесе до Лигата на Европа. Исто така беше еден од кандидатите за репрезентацијата на Шведска, но не ја доби довербата.

Се вчитува...