Челси стигна до првата победа во групната фаза од Лигата на Шампионите откако на домашен терен славеше против Милан со 3-0. „Сините“ беа подобриот противник во големиот дел од мечот, умешно ги користеа своите шанси и сосема заслужено стигнаа до три бода.
Задоволството од победата не го криеше ни Грем Потер кој вели дека неговиот тим покажал став, одиграл одлично и конечно проработел апетитот кај играчите.
„Ни беше потребен добар натпревар, но ни беше потребно и да покажевме добар став. Залагањето на играчите беше фантастично и ова е навистина голема победа за нас. Започнавме нервозно во првите пет минути што е одраз на тоа дека сакавме добро да ја завршиме својата задача. Потоа проработе и апетитот кај играчи, ја превземавме контролата и почнавме да се закануваме. Првиот гол беше многу важен, вториот ни остани простор да дишеме. Ја зачувавме и мрежата, три гола, одличен став на играчи па и не е лошо“, изјави Потер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

