Расмус Хојлунд, 22-годишниот дански голгетер не се прослави во новата сезона во Манчестер Јунајтед постигнувајќи само четири голови на 32 одиграни натпревари во Премиерлигата па се наоѓа пред заминување од „Олд Трафорд“.
За негов ангажман постои голем интерес од Италија каде се прослави во минатото со настапите за Аталанта чиј дрес го носеше во сезоната 2022/23 па како „проверен“ во калчо-лигата е трансфер мета на две екипи кои ќе се натпреваруваат во Лигата на Шампионите следната сезона, шампионот Наполи и вицешампионот Интер.
Според проценката на „Трансфермаркт“ Хојлунд вреди 35 милиони евра па доколку дојде до негов трансфер ова лето тоа би значело и нова загуба на Манчестер Јунајтед кој го ангажираше младиот фудбалер за 77.8 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

