Динамо Загреб добро ја почна европската сезоа, но хрватскиот тим се соочува со огромна криза откако вечерва загуби на гостувањето против Лил со убедливи 4-0, втор пораз во низа за „модрите“ во Лигата на Европа.
Динамо имаше поништен гол во раната фаза на мечот, по што Лил почна со доминацијата, Кореја и Мукау погодија во првото полувреме, а во вториот дел меѓу стрелците се запишаа и Игаман и Андре.
Рома славеше со 2-1 на дуелот против Митјиланд, прв пораз на данскиот тим кој имаше перфектни четири победи по првите четири рунди од Лигата на Европа. Гасперини повторно го изротира тимот, но „волчицата“ рутински славеше со погодоците на Ал Ајануи и Ал Шарави, пред гостите во самиот финиш да го ублажат поразот.
Астон Вила со двата гола на Мален триумфираше над Јанг Бојс со 2-1, додека Порто ја декласираше Ница со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

