Портланд во извонреден натпревар ја запре серијата на Голден Стејт од пет победи по ред, совладувајќи го актуелниот шампион со 129-107. Првите три четвртини донесоа максимално израмнет натпревар, за потоа домаќините целосно да ја преземат контролата во последните 12 минути, кошаркарите на Портланд славеа со 35-13 во овој дел од мечот и го зедоа скалпот на фаворитот. Дурант и Кари постигнаа по 32 поени за актуелниот првак, премалку за да се стигне до изненадување, додека во таборот на победничкиот тим осум играчи имаа двоцифрен број на поени, а најефиксен беше Лилард со 29 поени.
Хјустон загуби со 121-111 на гостувањето против Минесота. Харден постигна 42 поени, што е негов 22. натпревар со над 40 постигнати поени сезонава. Сепак, „ракетите“ го загубија мечот поради слабото издание во одбраната, пред се во второто полувреме во кое Минесота постигна 69 поени.
Милвоки продолжува со одлични игри по победата на гостувањето против Индијана, Торонто предводен од 44-те поени на Сиакам го совлада Вашингтон, додека Филаделфија уште повеќе ја продлабочи кризата на Њујорк никс совладувајќи го овој тим со 111-126 во „Медисин сквер гарден“.
Резултати НБА:
Кливленд – Бруклин 139-148 (по прод.), Индијана – Милвоки 97-106, Бостон – Детроит 118-110, Њујорк – Филаделфија 111-126, Торонто – Вашингтон 129-120, Чикаго – Мемфис 122-110, Минесота – Хјустон 121-111, Далас – Мајами 101-112, Денвер – Сакраменто 120-118, ЛА клиперс – Феникс 134-107, Портланд – Голден Стејт 129-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА