Екипата на Галатасарај е пред пласман во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, откако на свој терен му нанесе дебакл на Јувентус (5-2) во првиот натпревар од плеј-офот во најелитното европско натпреварување.
Иако Јувентус имаше предност на полувремето од 1-2, сепак, во вториот дел домашните фудбалери носени од својата публика постигнаа четири голови, и на крајот славеа убедливо пред реваншот во Торино.
Јувентус лошо го почна мечот, откако во 15. минута Галатасарај го голот на Сара поведе, после една лоша интервенција на одбраната на Јувентус. Италијанскиот тим брзо се врати, веќе во следната минута преку Копмајнерс.
Истиот играч донесе пресврт со прекрасен гол во 32. минута од средбата.
Се чинеше дека Јуве ја има контролата на натпреварот, а потоа се случи „потоп“. Ноа Ланг во 49. минута ја собра одбиената топка од голманот Ди Грегорио, и ја спроведе во празната мрежа. Давинсон Санчез донесе нов пресврт на мечот. По нафрлена топка во 60. минута со глава го совлада голманот на Јуве, и донесе пресврт.
Јувентус остана со играч помалку, а тоа го искористи Галатасарај да го „дотолчи“ италијанскиот гигант. По големата грешка на Кели, Ланг во 75. минута постигна и четврти гол. Во 86. минута Саша Бој ги постигнува конечните 5-2 после нова грешка на одбраната на Јуве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

