Кливленд очигледно се наоѓа во крајно лоша форма, на што потврда е дуелот со Торонто во „Ер Канада центарот“ каде го доживеа еден од најтешките порази изминативе години.
Торонто славеше против Кливленд со 133-99 на мечот на кој победникот се знаеше веќе по првото полувреме, а за Кливленд тоа беше трет пораз во низа.
Интересно, најефикасен играч на мечот беше Леброн Џејмс со 26 поени, но тоа не му значеше многу на Кливленд да избегне „дебакл“, затоа што домашните имаа многу повеќе расположени кошаркари како Ван Влит со 22 поени, Сакам и Мајлс со по 16 поени, Валанчиунас со 15 постигнати поени, ДеРозан со 13 поени…
Филаделфија и Бостон одиграа, пак, натпревар во кој Бостон со голем пресврт стигна до победа од 114-103.
Бостон во вториот период имаше негатива и од -22 поени (27-49), но со одлична игра во второто полувреме успеа да направи разлика од 33 поени и заслужено да стигне до триумфот.
Најефикасен во победничкиот тим беа Браун со 21 поени и Ирвинг со 20 поени, додека Филаделфија ја предводеше Џеј џеј Редик со 22 поени.
Бостон по 34-та победа во сезоната остана на првото место на Истокот, додека Филаделфија е на деветтата позиција.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа во својот „Стејплс центар“ славеа против Сан Антонио со 93-81 и на тој начин стигнаа до третата едноподруго победа. Најефикасен на мечот беше Инграм со 26 поени, а гостите беа предводени од Олдриџ со 20 поени и Форбс со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА