Кире Лазаров и Нант претрпеа убедлив пораз од 34-29 на дерби-дуелот со ПСЖ во рамките од 17. коло од францускиот шампионат. „Светците“ се покажаа како премоќен ривал за европскиот вицепрвак, Омејер бранеше одлично од самиот почеток, што му овозможи на тимот на Раул Гонзалес уште во раната фаза од натпреварот посериозно да се одлепи.
Во второто полувреме ПСЖ стигна и до двоцифрена предност (29-19), по што Нант во самиот финиш успеа да го ублажи поразот, па конечната разлика да изнесува подносливи „минус пет“.
Кире Лазаров погоди два пенали од исто толку обиди, додека македонскиот капитен од игра шутираше 3/6. Со вкупно пет погодоци тој беше најдобар стрелец на Нант на ова дерби заедно со Гурбиндо и со Нјокас. Најефикасни во таборот на ПСЖ беа Степанчиќ со девет и Сагосен со шест погодоци, а прв стрелец на Нант при вечерашниот пораз беше
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА