Потоп на Реал Мадрид во Монако, Јасикевичиус понижен во Литванија

Реал Мадрид доживеа вистински потоп на вечерашното гостување против Монако што „кралевите“ го загубија со 98-76, за нивни само трет пораз сезонава во елитното европско натпреварување. „Кнезовите“ одиграа неверојатно, отворија со рани водства од 6-0 и од 13-4, не давајќи им на „кралевите“ никаква шанса за камбек на овој натпревар. Неверојатен меч одигра Мајк Џејмс, кој постигна 15 поени, но имаше и 12 асистенции и пет украдени топки. Лојд беше најефикасен кај Монако со 19 поени, додека Муса со 12 поени за 17 минути игра беше прв стрелец во таборот на Реал во вечерашното фијаско.

Шарунас Јасикевичиус со својот тим Фенербахче гостуваше во татковината, но литванскиот стратег беше понижен од Жалгирис, губејќи со убедливи 98-75. Жалгирис ги доби сите четири четвртини, а особено импресивно делуваше во последните десет минути во кои домаќините постигнаа дури 32 поени.

Еванс со 21 поен и седум асистенции беше најдобар поединец во победничкиот тим, додека најефикасен кај Фенербахче беше Вилбекин со 22 поени.

Се вчитува...