Црногорските ватерполисти на претходните три олимписки игри секогаш доаѓаа до полуфиналните пресметки издвојувајќи се како една од најголемите светски сили во овој спорт.
Но, очигледно Црногорците го губат тој примат откако на ЛОИ 2024 запишаа четири порази од исто толку натпревари и го завршија турнирот уште во групната фаза.
Црна Гора е елиминирана дури на коло пред крајот на групната фаза откако загубија од САД со 7-12. А, Американците, пак, предводени од селекторот Дејан Удовичиќ со оваа победа обезбедија четвртфинале на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

