Потоп за една четвртина на ТФТ во Чаир

Кошаркарите на Чаир ја продлабочија резултатската криза на ТФТ, декласираќи го гостинот во оваа скопска пресметка со убедливи 84-62. Тимот на ТФТ беше непријатно изненаден во четвртфиналето од Купот на Македонија од Гостивар, а во првиот меч по репрезентативната пауза избраниците на Боро Смилковски повторно одиграа под посакуваното ниво и заслужено претрпеа пораз.

Мечот практично беше решен уште во првата четвртина во која Чаир го декласираше гостинот со преубедливи 31-9. ТФТ се консолидираше и успеа да ја намали негативата, па во последните десет минути се влезе со предност на домашниот тим од 64-50. Чаир не дозволи да се влезе во резултатска неизвесност, домашниот состав повторно го крена интензитетот во одбраната, му дозволи на гостинот само 12 поени во последните 10 минути (20-12) и заслужено се радуваше на победата.

Мофит беше клучна фигура во победничкиот тим со дабл-дабл од 23 поени и 10 скокови, а по 19 поени постигнаа Кели и Ролинс. Браун со 12 поени беше единствениот со двоцифрен ефект во таборот на ТФТ.

Се вчитува...