Потопениот терен го одложи мечот Шкупи – Пелистер

Прволигашката програма за утрешниот ден ќе содржи само еден меч откако беше официјално потврдено дека дуелот меѓу Шкупи и Пелистер ќе мора да биде презакажан.

Овој меч требаше да се игра утре на стадионот во Струга, но немањето основни услови за игра на овој меч придонесе дуелот да биде презакажан за вторник.

„Натпреварот против Шкупи што требаше да се одигра утре во рамките од 14. коло во ПМФЛ, поради немање основни услови за игра, односно потопениот терен за игра во Струга – е одложен. Натпреварот е презакажан за вторник со почеток од 13:00 ч.“, објави ФК Пелистер.

По ваквиот развој на настаните, утре ќе се игра само еден меч на програмата – дуелот во Струмица меѓу Брера и Вардар што е на програмата од 13 часот.

Се вчитува...