Потпиша нов договор и ги разочара Барселона и Реал Мадрид

Младиот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс го продолжи договорот со неговиот актуелен клуб, со што стави крај на гласините за негов евентуален трансфер идното лето. Вилијамс го продолжи договорот до летото 2027 година.

Претходниот договор истекуваше во 2024 година, и Реал Мадрид и Барселона сакаа да го ангажираат како слободен агент. Меѓутоа сега ќе мора да платат отштета ако сакаат да го видат во своите редови.

21-годишниот крилен играч стана и дел од шпанската репрезентација, каде што е сега неизоставен дел од неа.

Се вчитува...