Потпишан е договор за „Дигиталниот стадион на иднината“

Реал Мадрид и компанијата ФКК чив сопственик е еден од најбогатите луѓе во светот Карлос Слим, потпишаа договор за реконструкција на „Сантијаго Бернабе“.

Договорот е вреден 475 милиони евра, а по најавите реконструкцијата ќе биде завршена до 2022 година. Во април од раководството на „кралскиот клуб“, соопштија дека им е одобрен кредит од 575 милиони евра, кои ќе бидат искористени за „Бернабе“ да биде претворен во „дигитален стадион на иднината“.

Последен пат „Бернабе“ е реновиранпред 17 години, а најавено е дека нема да има проблем да се играат натпревари на него во текот на реконструкцијата.

Се вчитува...