Потпишано: Атлетико донесе лев бек од Аталанта

Атлетико Мадрид конечно донесе нов лев бек откако вечерва го комплетираше трансферот на Матео Руџери од редовите на Аталанта. Тимот на Диего Симеоне пред неколку седмици преговараше со Енди Робертсон, но откако Ливерпул одби да го пушти шкотскиот дефанзивец без отштета раководството на Атлетико го насочи вниманието кон Руџери.

Преговорите со Аталанта вродија со плод, италијанскиот клуб ја прифати понудата од вкупно 20 милиони евра (18 милиони загарантирани, два милиони поврзани со лесно остварливи клаузули), по што Руџери вечерва и официјално потпиша петгодишен договор со мадридскиот прволигаш.

Атлетико во наредните денови ќе ги интензивира преговорите за дополнително засилување на одбраната, а на врвот на листата со желби на тренерот Симеоне е неговиот сонародник Кристијан Ромеро. Преговорите се веќе стартувани и Тотенхем инсистира на отштета од 60 милиони евра, па останува да се види дали шпанскиот клуб ќе најде заеднички јазик и ќе го доведе Аргентинецот на „Ванда Метрополитано“.

Се вчитува...