Потпишано: Павловиќ во Милан до 2029 година

Страхиња Павловиќ е најновото засилување на тимот на Милан во овој преоден рок откако српскиот репрезентативец ги мина лекарските прегледи, по што денеска и официјално го стави својот потпис на договорот со италијанскиот фудбалски гигант.

Павловиќ имаше зад себе неколку одлични сезони во дресот на Салцбург, а откако беше меѓу најстандардните во српскиот состав на ЕВРО 2024 тој доби неколку интересни понуди за продолжување на кариерата. Сепак, Србинот јасно стави до знаење дека преселбата во Милан му е апсолутен приоритет, инсистирајќи од управата на Салцбург да најде заеднички јазик со „росонерите“.

Ова конечно се случи откако беше прифатена понудата од 18 милиони евра за Павловиќ, по што фудбалерот експресно ги договори и личните услови, денеска потпишувајќи го договорот со Милан со важност до јуни 2029 година.

Страхиња Павловиќ е второто засилување на „росонерите“ во овој преоден рок, по ангажманот на Алваро Мората од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...