Мохамед Салах во раната фаза го заврши настапот на СП 2018, по што египетскиот ас и официјално го стави својот потпис на новиот договор со Ливерпул. Во изминатиот период тој беше поврзуван со Реал Мадрид и со Барселона, но со новиот договор со важност до 2023 година Салах јасно стави до знаење дека неговата иднина е на „Енфилд роуд“.
Тој имаше извонредна сезона во дресот на „црвените“ по трансферот од Рома, уривајќи бројни рекорди со постигнатите 44 погодоци во сите натпреварувања. Салах стана втор најдобар стрелец во една сезона на Ливерпул, зад Јан Раш со 47, а со неговите 32 гола во Премиер-лигата се рекорд за периодот откако во ова натпреварување учествуваат 20 екипи.
Претходно Јирген Клоп потпиша нов договор и со Роберто Фирмино, а стратегот на „црвените“ сега сака истото да го стори и со Садио Мане, за задржување на своето атомско трио во нападот од минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА