Потписот на Џордан Скипер Браун за Пелистер, најава за атракции во Битола

Екипата на Пелистер продолжува со екипирање на играчкиот ростер откако потпиша договор со уште едно американско засилување. Станува збор за Џордан Скипер Браун, Американец кој настапува на позицијата крилен центар и треба да даде цврстина во рекетот во одбраната, но и да биде значајна опција плус во нападот. Со стилот на игра по кој е препознатлив во кариерата, Скипар Браун е најава за атракции во кошаркарска Битола во сезоната што следи.

Овој 27-годишен кошаркар по настапите во НЦАА-лигата првиот европски предизвик го имаше во белгиски Лувен, а потоа настапуваше и за тимот на Брисел. Една година мина во словенечкиот шампионат, а пред две сезони беше дел од силната ВТБ-лига, и тоа како член на Астана.

Ланската сезона Скипер Браун со успех настапуваше за турскиот тим Трабзон.

Џордан Скипер Браун е четвртото странско засилување на Пелистер, по ангажманите на Никола Малешевиќ, Остин Прајс и Брејси Дејвис.

Се вчитува...