Алексис Мекалистер не го крие задоволството од времето поминато во Ливерпул. Аргентинскиот ас пристигна на „Енфилд“ во 2023 година од Брајтон и досега освои два трофеи со „црвените“ од кои последниот во Премиерлигата.
Аргентинецот имаше интересна изјава велејќи дека го направил потегот на кариерата одбирајќи го Ливерпул од бројните понуди по успешниот настап за Брајтон.
„Навистина уживам во времето поминато тука. Потписот за Ливерпил ми беше потег на кариерата. Му благодарам на Јирген Клоп бидејќи беше важен дел од се, како и Џулијан Ворд“, изјави Мекалистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

