Потпретседателот на Денвер: Па нормално дека зборував со Јокиќ пред да му дадам отказ на Мелоун

Пред почетокот на плејофот, потпретседателот на Денвер Нагетс, Џош Кронки одржа прес-конференција на која зборуваше за клучните теми поврзани со тимот, но и за Никола Јокиќ.

Кронки не го криеше своето задоволство со тоа што Јокиќ го има во својот тим, но и дека за секоја одлука се консултира и со него.

„Имаш одговорност кога имаш таков играч во неговиот најдобар период. Тој е импресивен во кошарката, но начинот на кој размислува е ист на теренот и надвор од него. Смешно ми е кога луѓето говорат за него дека не го интересира кошарка. Ќе сфатите се од неговиот прекар „Џокер“. Нормално дека се консултирам и со него за секоја одлука што ја правам“, изјави Кронки. 

Се вчитува...