Потпретседателот на европската куќа на ракометот ЕХФ, Предраг Бошковиќ, денеска е уапсен по налог на Јавното државно обвинителство во Црна Гора во истрага за криминална група која според обвинителството е организирана од извесен бизнисмен.
Во оваа истрага притвор е одреден и за споменатиот бизнисмен и за поранешниот шеф на контраразузнавачката служба.
Инаку, Предраг Бошковиќ е поранешен министер за одбрана на поранешната југословенска држава и некогашен функционер на Демократската партија на социјалистите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

