Потрес на „Максимир“ по испаѓањето од ЛШ: Динамо Загреб му врачи отказ на Бишчан

Динамо Загреб во саботата испадна од можноста да се бори за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, а денеска „модрите“ останаа без тренер откако хрватскиот шампион се одлучи да му врачи отказ на Игор Бишчан.

Динамо имаше предност во Атина над АЕК од 0-2 се до 91. минута кога прими гол, а потоа Домагој Вида по промашен пенал на АЕК донесе 2-2, и ги внесе Грците во плеј-офот.

Хрватските медиуми од утрово шпекулираа дека Бишчан ќе добие отказ од Динамо, а потоа и самиот клуб ја потврди веста. Со тоа Стефан Ристовски, доскорашниот репрезентативец на Македонија останува без тренер, а од таборот на „модрите“ информираа дека нов тренер е Сергеј Јакировиќ.

Се вчитува...