Кризата во Хајдук се продлабочува од ден во ден, па така денеска беше објавено дека Никола Калиниќ повеќе нема да ја извршува функцијата спортски директор во хрватскиот фудбалски гигант.
Поранешниот голгетер летово ја заврши играчката кариера и веднаш доби директорска улога, по што најавуваше фантастично лето со неколку мегатрансфери. Тој навистина успеа да го доведе Ракитиќ, во меѓувреме потфрли во преговорите за Един Џеко, а како грев му се зема и лошото менаџирање во случајот Иван Перишиќ, откако хрватскиот репрезентативец по само шест месеци реши да си замине од „Пољуд“.
Претседателот Билиќ не го крие разочарувањето од слабиот старт на сезоната, прв цената ја плати спортскиот директор, а како што најавуваат хрватките медиуми, следен се очекува да биде тренерот Џенаро Гатузо. Позицијата на италијанскиот стратег е разнишана, а Хајдук за два дена го игра вечното дерби со Динамо Загреб, на кое поубедлив пораз може да значи отказ за Гатузо веќе во текот на викендот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА