„Потрес“ во Лос Анџелес: Леброн не прифати нов договор од Лејкерс

Леброн Џејмс одлучи да не прифати продолжување на договорот што би му донело 51,4 милиони долари. Леброн Џејмс е најдобриот стрелец во историјата на НБА и досега единствениот кој стигна до 40.000 поени во кариерата, а неодамна неговиот син беше драфтуван во Лејкерси како 55. пик.

 И се чинеше дека со тоа Леброн ќе ја заврши кариерата во Лејкерс, меѓутоа Џејмс нема да ја прифати понудата на Лејкерси за автоматско продолжување на соработката и следната сезона ќе заработи 51,4 милиони долари.

Тоа значи дека тој ќе стане слободен агент, и ќе може да преговара за нов договор, или ќе замине во друг клуб. Сепак, може ова да значи и „тактичка игра“ на Џејмс, со цел да биде слободен, и со тоа да преговара за нов договор со помала плата, со што би му овозможило на тимот да ангажира други засилувања.

Се вчитува...