Олимпик Марсеј се наоѓа на делба на првото место на табелата, но на „Велодром“ се случува сериозен потрес откако тренерот Марселињо најавил дека си замина од клубот.
По разочарувачката игра и ремито на домашен терен против Тулуз, шпанскиот стратег им соопштил на фудбалерите дека нема да остане на чело на Олимпик, информација што денеска ја објави и тиражниот весник Л’Екип. Марселињо разочарана со раната елиминација од Панатинаикос во квалификациите за Лигата на Шампионите, по што тимот играше променливо и на стартот од сезоната во француското првенство.
Навивачите не беа задоволни, а Шпанецот очигледно не знаеше како да се соочи со притисокот, па самиот си поднесе оставка од тренерската функција, само неколку месеци откако пристигна на „Велодром“ на местото на Игор Тудор.
За привремен тренер на Олимпик Марсеј ќе биде именуван легендарниот голгетер Жан Пјер Папен, кој е врати во клубот со консултантска улога во ноември 2022 година, а сега ќе добие шанса и на клупата на омилениот клуб. Тој ќе го води тимот на дуелот од Лигата на Европа против Ајакс в четврток, а најверојатно и на големото дерби со ПСЖ што на програмата е в недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА