По поразот од Баерн во Минхен, втор за ПСЖ во серија, изразено е незадоволството кај газдите на парискиот клуб. Францускиот весник „Л’екип“ тврди дека по двата порази во серија прв на удар ќе биде тренерот Унаи Емери. Катарскиот газда Насер Ал-Келаифи веќе му бара замена.
„Воопшто не игравме. Ова за мене е големо разочарување“ – изјави Ал-Келаифи по натпреварот во Минхен, иако ПСЖ и покрај поразот го сочува првото место во групата.
Според францускиот весник, Ал-Келаифи загубил доверба во шпанскиот тренер, а веќе се споменуваат и неколку имиња како негови потенцијални наследници на клупата на ПСЖ, а во најава се и промени во играчкиот состав за следната сезона.
Иако се е се уште во доменот на претпоставки и шпекулации, сепак, извесно е дека газдата на ПСЖ ќе бара авторитетен тренер кој ќе воведе ред во соблекувалната и некој кој ќе има храброст да го понесе притисокот, но и да воведе дисциплина меѓу играчите.
Прв пик и според најавите, засега најголема желба на катарските газди е Макс Алегри. Тој има договро со Јувентус до 2020 година, но ако сезонава не ја одбрани титулата, можно е да замине од клупата.
Втора солуција е Антонио Конте кој секако чека разврска во Челси, но за него ПСЖ би преставувал реален чекор и шанса да направи тим по свои аршини. Ако Конте сепак остане во Челси и третата опција за ПСЖ е италијански тренер, односно враќање на Карло Анчелоти. Тој од Париз замина во Реал и е најголемо слободно име на пазарот.
Во контекст со ПСЖ се споменува и Зинеидн Зидан, но по се изгледа тој нема намера да се врати во Франција. Ако ја загуби тренерската функција во Реал, тогаш Зидан најверојатно ќе се пресели на клупата на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА