Потрес во Украина пред мечот со Македонија: Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Украина, Андриј Павелко е уаспен денеска, пред квалификацискиот натпревар на оваа земја со Македонија во Скопје, поради финансиски малверзации.

Како што пренесуваат украинските медиуми првиот човек на украинскиот фудбал, против Павелко е покренато обвинение за проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта, поради што од денеска е во притвор.

Тој добил притвор од 60 дена без можност да излезе со кауција. Сместен е во истражниот затвор во Украина. Обвинет е и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Украина, Јуриј Записоцки.

Македонија и Украина во 2. коло од квалификациите за ЕП 2024 вечерва од 20:45 часот играат на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...