Потреси во Дортмунд: Легендите на клубот му вртат грб на тренерот?

Легендарниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс би можел да ја напушти екипата откако влегол во караница со тренерот Един Терзиќ, тврди Билд.

Хумелс има договор со клубот до крајот на сезоната, но дефанзивецот искажал незадоволство и се заканил дека нема да ја продолжи соработката, ако остане Терзиќ на кормилото.

35-годишниот ветеран треба во следниот период да одлучи што ќе прави во иднина, а според информациите, е подготвен дури да ја заврши кариерата. Неодамна Хумелс шест пати по ред седеше на клупата, и тука е јасно дека сегашниот тренер не смета на него.

Исто така побуна во соблекувалната на Дортмунд има и од Марко Ројс. И Ројс исто како и Хумелс е на излезна врата од тимот на „милионерите“. Веќе се поголеми се шпекулациите дека доскорашниот капитен ќе се врати во Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...