Олимпик Марсеј нема првенствена победа од средината на декември минатата година, а тимот нема победи на седум меча во сите натпреварувања. Вчера во Лига 1, Марсеј е поразен од Брест, и покрај тоа што имаше играч повеќе од 60. минута.
Пјер Ле Мело погоди во 88. минута за 1-0, и така го потпиша отказот на Џенаро Гатузо. Италијанецот го водеше тимот од крајот на септември, и во 24 меча оствари девет победи, осум ремија и седум порзи, а синоќа го имаше последното обраќање како кормилар на Марсеј.
Се чека само официјализација на отказот на Гатузо, а тој вчера ги критикуваше играчите.
„Им зборував смирено во соблекувалната. Им реков дека јас ги правам изборите на играчите и дека никогаш не бегам од одговорност. Но, во фудбалот мора да имате душа, тоа е нешто кое недостасува во моментов. Без душа на терен е многу тешко. Го допревме дното, се наоѓаме во магичен круг. Сметам дека душата е клучниот збор во оваа ситуација“, рече Гатузо.
Во центарот на вниманието на француските медиуми се и збороите на спортскиот директор на клубот, Меди Бенатија кој го критикуваше фудбалерот Жонатан Клаус.
„Дојдов во клубот во ноември и веднаш бев предупреден на 2-3 играчи чие однесување ги преминува границите. Жонатан е еден од нив. Знам дека неколку пати беше на разговори си тренерот, и му е кажано што се очекува од него, што треба да корегира, како треба да се однесува. Сметавме дека ги сфатил пораките, но очигледно дека не е така“, рече Бенати.
Клубот се обиде да го продаде Клаус во Вест Хем на крајот од преодниот рок, меѓутоа на крајот трансферот не се оствари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА