Тренерот на Марсеј, Роберто Де Зерби, им соопшти на раководството на клубот дека повеќе нема да се потпира на играчот од средниот ред Адриен Рабио , кој е слободен да бара нов клуб во преостанатите денови од преодниот рок, објави RTL.
Мајката и агент на Рабио , Вероник, за RTL изјави дека раководството на клубот вчера ја информирало за отстранувањето на нејзиниот син од тимот. Таа побарала објаснување од спортскиот директор Мехди Бенатија, но не добила одговор од него.
Од друга страна, утрово, генералниот секретар Бенџамин Арно му ја потврдил на адвокатот на играчот цврстата позиција на Де Зерби, кој повеќе нема да се потпира на францускиот интернационалец. Тренерот тврдел дека Рабио повеќе не ја покажува потребната посветеност на тимот, но ова објаснување не било прифатено од неговите претставници.
30-годишникот му се приклучи на Марсеј минатото лето со договор до крајот на тековната сезона и беше клучна фигура за тимот на Де Зерби минатата сезона, постигнувајќи 10 гола и имајќи шест асистенции во 32 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

