Потреси во светскиот тенис: Поранешниот тренер на Ѓоковиќ го презема Алкараз?

Веста дека Карлос Алкараз и Хуан Карлос Фереро ја прекинаа седумгодишната соработка пред почетокот на следната сезона ги изненади сите. 

Едно од прашањата што ја интересира тениската јавност е кој ќе го наследи Хуан Карлос Ферер како тренер на Карлос Алкараз. Беше откриено дека Самуел Лопез, вториот тренер на Алкараз досега, ќе ја преземе функцијата главен тренер до крајот на Австралија Опен, а веќе има многу шпекулации за тоа кој би можел да се приклучи на тимот на првиот рекет на светот по Гренд слемот во Австралија.

Исклучително респектабилниот тениски портал „Punto de break“ донесе пет имиња кои би можеле да го заземат местото на Ферер. Тие се: Енди Мареј, Горан Иванишевиќ, Давид Ферер, Николас Алмагро и Карлос Моја.

Енди Мареј и Горан Иванишевиќ работеа со Ѓоковиќ, а тука е и Давид Ферер кој работеше со Рафаел Надал во минатото.

Новиот тренер би можел да биде пресвртница во кариерата на младиот Шпанец, кој се очекува да владее со тенисот во идните години.

Се вчитува...