Црвена Звезда се одлучи да го суспендира еден од најдбрите фудбалери на овој тим, Немања Радоњиќ, поради, како што велат, „непрофесионално и неодговорно однесување“.
Радоњиќ веќе неколку месеци истакнува незадоволство, а работите не се сменија ниту со новиот тренер Дејан Станковиќ, па така „црвено-белите“ се одлучија за радикален потег.
„Клубот во повеќе наврати му пружи шанса на Радоњиќ да покаже дека заслужува место во тимот, но тој секогаш покажуваше дека нема професионален однос кон дресот на Црвена Звезда. Фудбалскиот клуб Црвена Звезда повеќе нема да се огласува по ова прашање, и со ова става точка со сите шпекулации околу Радоњиќ“, стои во соопштението.
30-годишниот Радоњиќ во својата кариера настапуваше во француски Олимпик Марсеј, потоа во Херта, Бенфика, па во Торино, а од овој тим во 2024 година дојде во Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

