Потресна исповед на девојката која беше со Дражен кобниот ден: Подобро и јас да умрев!

Хилал Едебал беше третата патничка во црвениот Голф, кој се судри со камион на германскиот автопат на 7. јуни 1993 година, а во кој загина еден од најголемите кошаркари на 20. век – Дражен Петровиќ. Тогаш 23-годишната талентирана кошаркарка беше втората сопатничка на Дражен, покрај Клара Шчаланти, девојката на 28-годишниот хрватски кошаркар.

Едебал денеска е жива, но со трајни последици на мозокот кои предизвикаа амнезија кај неа, па страда од „дупки во сеќавањата“, психилошки “кракови“ и проблеми со однесувањето.

„Зошто Петровиќ, човек со таков статус и богатство мораше да патува од Германија за Загреб со таков автомобил, а не со авион? Зошто јас се најдов тука?“ – се дел од прашањата кои со години ја мачат денес 47-годишната Хилал, која долго време е под лекарски терапии по сообраќајката.

Обид за самоубиство…

„Ми беше многу тешко. Долго бев на терапии. Во потполност едно време го загубив сеќавањето. Не препознавав ништо во Минхен, градот во кој пораснав“.

А, колку и било тешко објаснува и обидот за самоубиство. Нејзините родители доживеале потресна ситуација кога Едебал се обидела да се самоубие, сакајќи да скокне од 17-ти спрат од центарот за рехабилитација.

„Не планирав да скокнам за да се убијам. Сакав само да се разбудам од сонот. Мислев дека, кога ќе скокнам, ќе престанам да ја сонувам оваа ноќна мора“.

hilal

Хилал Едебал по сообраќајката

Девојката на Дражен возеше пребрзо и се удри во камионот

Едебал таа 1993 година патуваше со својата пријателка Клара, прифаќајќи да и направи услуга. Клара сакала друштво на автопатот од Минхен до Франкфурт, каде заедно го собрале Дражен Петровиќ од аеродром. Таму хрватската репрезентација допатувала од Полска каде играше квалификации за ЕП. Место со останатите од тимот да продолжи со авион за Загреб, Петровиќ носен од желбата да ја види својата девојка, одлучил да патува со автомобил.

Околу 17:20 часот црвениот голф со полна брзина се забил во камион-цистерна кој бил на сред пат. Според полициските извештаи, возачот на камионот излегол од возилото и им сигнализирал на возачите на автомобилите кои доаѓале да ја намалат брзината затоа што камионот се излизгал. Но, за црвениот голф било прекасно.

Клара се обидела со свртување да го избегне неизбежното, со што Дражен, кој бил на совозачкото место, го оставила најранлив на ударот кој следел. Возело пребрзо, многу над дозволеното… Дражен, кој не бил врзан на совозачкото место, и спиел, излетал од предното стакло и со глава удрил во цистерната загинувајќи на лице место.

soobrakajna

Едебал, 188 висока кошаркарка, која исто така не била врзана, удрила со глава и тело на предното седиште.

„Родителите секој ден доаѓаа да ме посетуваат иако за тоа им требаше два часа возење. Лекарите постојано им зборуваа дека би можела да преживеам. Никогаш со сигурност не им кажаа дека ќе преживеам. Кога зборувам за тој ден, секако дека Клара не сакаше да се случи тоа, но дефинитивно возеше пребрзо. И ми го упропасти животот. Подобро и јас да умрев“ – вели Хилал, која води и во моментов далеку од нормален живот.

Клара се мажи за Оливер Бирхоф, и си продолжи како фотомодел

Во целиот овој случај и натаму останува нераскажана приказна од Клара Шчаланти, која одбива секаков обид за разговор на болната тема. Се мажи за германскиот фудбалски репрезентативец Оливер Бирхоф во 2001 година, откако ја заврши својата кошаркарска кариера и кариерата на модел.

klara i oliver birhof

По несреќата Клара минала една недела на интензивна нега. Единствена трага од несреќата кај неа е мала лузна на челото. Набрзо по несреќата повторно возеше без проблеми, си работеше како фотомодел во САД и ја продолжи професионалната кошаркарска кариера во Германија.

Се вчитува...