Потресна објава на вдовицата на Михајловиќ: Не можам да спијам…

Вдовицата на легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ, Аријана Михајловиќ, се огласи во ситните часови на социјалните мрежи.

Помина повеќе од една година откако Синиша Михајловиќ почина по тешко боледување. На тој несреќен 16. декември 2022 година, Миха отиде во вечноста, откако ја загуби битката со леукемијата, а болката и тагата на неговите најблиски не престануваат ниту во 2024 година.

Неутешната Аријана на својот Инстаграм профил објави фотографија со Синиша од одмор заедно со потресна порака:

„Не можам да спијам… Зошто на крајот, сè уште не можам да верувам. Какво необјасниво чувство е ова”, напиша Аријана.

 

Се вчитува...