Хрватот Дејан Ловрен не ретко се наоѓа на удар на навивачите на Ливерпул поради повремените лоши партии, но дека и тоа како го ценат меѓу „црвените“ доказ е документарниот филм кој за него го сними клупската телевизија.
Филмот „Ловрен: Мојот живот како бегалец“ премиерно ќе биде емитуван утре на клупската телевизија, а претходно низ видео инсерти за истиот откриено е како Ловрен отворено зборува за своето тешко детство и деновите минати како бегалец.
„Би сакал да објаснам што се се случуваше. Слушате разни верзии и приказни, но никој не ја знае комплетната вистина. Едноставно се случи, и се се промени преку ноќ. Војна меѓу сите, меѓу три различни култури. Луѓето оддеднаш се променија, а ние само слушавме толку различни приказни на ТВ“ – вели Ловрен и дополнува:
„Се сеќавам на сите тие сирени и колку се плашев некоја бомба да не падне на нас. Се сеќавам дека мајка ми ме носеше во подрум каде седевме додека сирените не означеа крај на вонредната состојба. Некогаш седевме и со денови без да видиме светлина. Потоа се сеќавам дека со мајка ми и со мојот вујко најдовме некој автомобил, и заминавме за Германија“.
Ловрен во 2004 година од Саутемптон се пресели во Ливерпул како најскап дефанзивец кој „црвените“ го купиле.
„Моето семејство да останеше во БиХ можеби и јас ќе загинев, или моите родители. Поради сето тоа ми е тешко да ги гледам сите тие бегалци од Сирија. Јас засекогаш ќе и бидам благодарен на Германија што ме прими мене и моето семејство“ – вели Ловрен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА