ПОТРЕСНИ СЦЕНИ 18+: Голман во БиХ остави без свест противнички фудбалер (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Ораховица и Омладинац во ниските лиги на Босна и Херцеговина ќе остане запишан со црни букви. Во 68. минута се случи сцена што ги шокираше сите присутни на стадионот и милионите кои подоцна го видеа снимениот материјал на социјалните мрежи.

Голманот на домаќините, во обид да ја пресече акцијата далеку од својот гол, истрча над 40 метри и со полна сила го удри со лактот во главата играчот на Омладинац. Ударот беше толку брутален што фудбалерот веднаш падна в бесвест на теренот, а од уста му излезе и крв.

Соиграчите веднаш му притрчаа на помош, а натпреварот беше прекинат повеќе од 10 минути додека лекарската екипа му укажуваше прва помош на повредениот играч.

Според првичните информации, тој е пренесен во болница во Мостар со сомнежение за потрес на мозокот и скршеница на јаболчната коска.Судиијата веднаш му покажа директен црвен картон на голманот, а дел од играчите на Омладинац физички се судрија со сторителот пред интервенција на обезбедувањето и полицијата.

Се вчитува...