Британските служби попладнево се одлучија да ја прекина потрагата по Емилијано Сала кој беше во малиот авион што понеделникот се сруши на пат од Нант кон Кардиф. Аргентинскиот фудбалер потпиша договор со Кардиф вреден 17 милиони евра, но на својата крајна цел не успеа да стигне.
Официјалните лица се убедени дека Аргентинецот и пилотот не успеале да го преживеат падот на авионот… Таа вест донесе и потресни сцени и на тренингот на Нант каде со неверување ја примија информацијата дека потрагата е прекината.
Tous ensemble, unis, solidaires, pour Emiliano ?#PrayForSala pic.twitter.com/wY8zVzECYw
— FC Nantes (@FCNantes) January 24, 2019
„Сега мора да останеме обединети, солидарни. Тешко е да се работи во овој момент, но ја делиме сите заедно тагата. Сите се собравме, разговараме. За мене ова е најтешкио момент во спортскиот живот. Ќе ја почитуваме неговата фамилија која се уште нема потврда за смртта, така да надежта се уште постои колку и да е мала. Чекаме чудо и се надеваме дека ќе се случи. Поради тоа не сакаме да му оддадеме почит, ниту ќе има минута молк. Се додека неговата смрт официјално не биде потврдена ние ќе чекаме“ – кажа емотивниот тренер на Нант, Вахид Халилхоџиќ на денешниот тренинг на тимот, пред насобраните навивачи.
А, веста најмногу го погоди напаѓачот на Гана, Мајед Ворис кој плачеше за цело време на говорот на Ваха…
Nantes players in tears during training as search for Emiliano Sala is called off https://t.co/zTjZWNU7dP pic.twitter.com/hK8HmIK5ZH
— Mirror Football (@MirrorFootball) January 24, 2019
Нант на социјалните мрежи објави и фотографија од транспарент кој го оставиле навивачите.
„За семејството, за Емилијано…. Се надеваме и натаму“ – порачуваат од францускиот клуб.
Pour la famille, pour Emiliano… Gardons espoir. #PrayForSala pic.twitter.com/QsHmaqPFj7
— FC Nantes (@FCNantes) January 24, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА