Потресни сведоштва од хаосот во Белград – Спасувавме жива глава!

Прославата на 32. шампионска титула на Црвена Звезда заврши неславно откако навивачите на „црвено-белите“ и нивните ривали навивачите на Партизан направија масовна тепачка во центарот на Белград.

Преку сто лица се уапсени по нередите, а има и голем дел повредени. Полицијата на крајот мораше да интервенира, а дел од полицајците во цивилка беа исто така нападнати од страна на „Делиите“ бидејќи мислеле дека се фанови на Партизан.

Дел од сведоците на настанот во изјава за српските медиуми велат дека синоќа во Белград било навистина опасно.

„Спасувавме жива глава“, се само дел од коментарите на случајните минувачи кои се нашле во незгодна ситуација во борбата меѓу двете навивачки групи. 

Се вчитува...