Најголемата ѕвезда на чешкиот тенис, полуфиналистката на последното издание на Австралија опен, Петра Квитова, во видео сведочење на судењето на нејзиниот напаѓач раскажа што се преживеала во страотната вечер кога за малку ќе ја загубеше раката со која игра.
„Нормално дека врескав, имаше крв насекаде“ – рече Квитова.
Нападот се случи во 2016 година, Радим Жондра со лажна приказна дека е мајстор влегол во домот на Квитова и ја нападнал со нож. Таа во обид да се одбрани ја повредила раката. Потоа му дала пари и тој си заминал.
Квитова мораше на тешка операција која помина успешно, а таа по четири месеци му се врати на тенисот. За нападот никогаш не зборуваше пред медиумите, но нејзиниот ПР вели дека е среќна што целиот инцидент е минато. Напаѓачот се соочува со дванесетгодишна затворска казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА