Светот денеска е потресен по веста за разорниот земјотрес кој го зафати југот на Турција. Се бројат жртвите и материјалната штета по земјотресот од 7,8 степени по Рихтер кој ја зафати Турција, па сега мислите на целиот свет се со жителите на оваа земја.
Легендарниот фудбалски голман на Турција, Волкан Демирел, кој е тренер на Хатајспор во моментов, преку социјалните мрежи со видео во живо побара помош за жителите на разорниот земјотрес кој однесе најмалку 1.300 животи.
Демирел е тренер во градот на самиот југ на Турција долж границата со Сирија, Хатај, кој е најблиску до епицентарот на земјотресот.
„Ве молам помогнете. Овде сите се очајни, во Хатај сите умираат. Ве молам, ситуацијата е многу лоша. Не можеме да допреме до луѓето. Им треба помош, Боже, помогни. Испратете ги сите ресурси што ги имате. Не се само Хатај и Антакија. Ве молам, во име на Бога, овде умираат луѓе“ – вели Демирел во потресното обраќање.
😢🇹🇷 Ex-Fenerbahçe goalkeeper and current Hatayspor manager Volkan Demirel was in tears on Instagram live.
Türkiye has been hit with a very severe earthquake: 7.8 magnitude, with hundreds sadly confirmed dead. pic.twitter.com/Sr9QqyFI6v
— EuroFoot (@eurofootcom) February 6, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА