Потрошија скоро 250 милиони евра на напаѓачи, а од дебакл ги спаси „клинец“ од средниот ред

Во изминатото лето ПСЖ потроши 244,5 милиони евра за централни напаѓачи, крила и еден офанзивен играч од средниот ред. Парижаните вложија пари кои се многу поголеми од годишниот буџет на големиот број клубови од елитната „петорка“, со цел да ја засилат офанзивната линија.

Во клубот стигнаа Коло Муани за 95 милиони евра, Дембеле за 50 милиони, Барцола од Лион за 45 милиони, Екитике од Ремс за 28,5 милиони, Ли од Мајоркса за 22 и Чави Симонс за 4 милиони евра.

Освен нив, во ПСЖ стигна Рамош од Бенфика како позајмен играч, со можност за откуп од 80 милиони евра, како и Марко Асенсио како слободен играч. Меѓутоа од катастрофа ги спасуваше играч од средниот ред.

Се работи за 17-годишниот Варен Заире-Емери. Емери беше клучен играч оваа групна фаза, и го постигна голот вреден бод против Борусија Дортмунд, со кој ПСЖ избегна катастрофа, и се пласираше во 1/8 финалето во ЛШ.

Се вчитува...