Поцеко: Како да се запре Јанис? Имам еден другар снајперист…

Денешниот втор ден од Евробаскет 2025 ќе го донесе и првиот дерби дуел, пресметка меѓу селекциите на Италија и Грција кои се вбројуваат меѓу кандидатите за медал на овој европски шампионат.

Повеќе од јасно е дека главната опасност кон кошот на „аѕурите“ ќе доаѓа од Јанис Адетокумбо, а италијанскиот селектор Џанмарко Пацеко на прес-конференцијата по натпреварот беше прашан како може да го запре најдобриот грчки кошаркар.

„Имам еден друг кој е добар снајперист. Него ќе го поставиме на врвот на салата… Секако дека тоа ќе го направиме во првата четвртина, за да не може да игра на остатите три… Тоа е единствениот начин Јанис да биде запрен, се останато е невозможно. Говориме за кошаркар кој е незапирлив во НБА-лигата, како тогаш ние да го запреме“, прокоментира Поцеко.

Дуелот меѓу Грција и Италија е закажан за вечерва со почеток во 20.30 часот.

Се вчитува...