Поцеко: Ќе речете дека сум луд, меѓутоа да не игравме против САД ќе бевме во полуфинале

Селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација емотивно говореше на пресконференцијата по поразот од Летонија во натпреварот за плсман од 5. до 8. место на Светското првенство кое оваа година се одржува во Филипини, Индонезија и Јапонија.

Младиот стратег вели дека пред само пет години никој во Италија не можел да верува дека оваа репрезентација може да се пласира меѓу најдобрите осум, а сега доколку во четвртфиналето не го имаа за противнник САД ќе беа и меѓу најдобрите четири репрезентации на светот.

„Пред 20 години не можевме ни да замислиме дека можеме да играме на Светско првенство. Да бидеме помеѓу најдобрите осум репрезентации изгледаше како шега пред пет години. Нормално секој има свое мислење, но тоа е вистината. Не се ни пласиравме на последните три Светски првенства, а ова лето цела Италија навиваше за нас да го победиме САД. 

Моето мислење е дека доколку не игравме против САД во четвртфиналето ќе бевме во полуфинале. Може мислите дека сум луд и нема да бидете први кои го мислат тоа, а нема да бидете ни последни“, изјави Поцеко.

Се вчитува...