Постот на Фенербахче без трофеј во првенството на Турција се искачи на десет години. И покрај тоа што направи пеколен тим исполнет со европски ѕвезди и во најголемиот дел од сезоната беше лидер на првенството, овој клуб потфрли во завршницата на сезоната па во последното коло му беше потребно чудо.
Фенербахче мораше да слави во средбата со Истанбулспор и да се надева на пораз на Галатасарај против Конјаспор, пораз до кој не дојде па фудбалерите на Галатасарај уште еднаш го кренаа престижниот трофеј.
Славјето на шампионската титула беше повод и за потсмевање со противникот па на социјалните мрежи Галатасарај објави видео монтажа од фудбалерите на Фенербахче како слават непостоечки торфеј што наиде на лавина на реакции во јавноста. Ова видео веќе има повеќе од три милиони прегледи.
all the fuss no trophies 😭😭😭 pic.twitter.com/cZnyraCNHG
— 24x Turkish Champions 🏆 (@Galatasaray) May 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА