Потврда: Чест ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година за Нант

Кире Лазаров ќе ја продолжи својата играчка кариера и во наредната сезона, откако веќе ги договорил условите за нова едногодишна соработка со тимот на Нант.

Францускиот клуб синоќа го елиминираше Веспрем и се пласираше на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите, а претседателот Гаел Пелетие веднаш по реваншот во Унгарија ја официјализираше веста за останувањето на Лазаров во Нант.

„Чест ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година за Нант“, објави Пелетие, потоа честитајќи им го големиот успех на сите ракометари.

Нант влезе како аутсајдер и во осминафиналето со Киелце и во четвртфиналето со Веспрем, но Лазаров и соиграчите одигра фантастични натпревари и заслужено се пласираа на завршницата во „Ланксес Арена“ во Келн.

Се вчитува...