Европската ракометна федерација и официјално потврди дека македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе се натпреварува директно во групната фаза од Лигата на Европа.
Еурофарм Пелистер е меѓу пет екипи кои доаѓаат од федерации кои имаат претставник во најелитната Лига на шампиони. Вкупно 11 екипи имаат место директно во групите од второто по квалитет европско ракометно натпреварување.
Покрај македонскиот тим и Магдебург, Нант, Бидасоа и Татабања доаѓаат од земји кои имаат претставник и во Лигата на шампионите. Директно место во групната фаза имаат и Горење, Савехоф, Винтертур, Татран, Чеховски Мевдведи и Кокс.
Во групната фаза од Лигата на Европа ќе учествуваат вкупно 24 екипи поделени во шест групи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА