Кошаркарските федерации на Македонија и на Грција водат разговори за реализација на сериозен проект – заедничка организација на едно големо натпреварување, европски шампионат во машка или во женска конкуренција. ЕКИПА ја оваа оваа информација пред повеќе од два месеци откривајќи дека покрај интензивните преговори за решавање на спорот за името, се водат и разговори за коорганизација на едно големо спортско натпреварување. Во разговорите покрај кошаркарските федерации биле вклучени и членови од политичките структури, кај кои постои расположение за еден ваков проект за дополнително подобрување на соседските односи.
„Наша желба е во иднина да организираме ЕП заедно со Грција, како опции се и машка и женска конкуренција“ – истакна директорот на МКФ, Владимир Темелковски на денешната прес-конференција, дополнувајќи дека Македонија би била домаќин во Скопје, додека Грција своите групи би ги организирала во Атина и во Солун.
Реално, полесно би било да се добие организација на европски шампионат за жени, за кој постои многу помал интерес, но останува да се види дали оваа амбициозна идеја би можела и целосно да се реализира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА