Потврда на класата: Начевски и Николов ќе судат на Олимписките Игри во Париз

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов со години наназад се дел од големите ракометни натпреварувања, па нивното име неслучајно се најде и на листата што денеска беше објавена – од арбитри кои ќе бидат задолжени за делење на правдата на ракометниот турнир од Олимписките Игри во Париз.

Денеска и официјално беа објавени судиските двојки за ова врвно натпреварување, листа на која сосема заслужено се најдоа и имињата на македонските арбитри.

За потсетување, Начевски и Николов беа судии и на големото финале на последните ОИ во Токио во кое се сретнаа Данска и Франција, меч на кој Македонците максимално одговорија на предизвикот.

ЛИСТА НА СУДИИ ЗА ОИ ВО ПАРИЗ

Белкхири/Хамиди (Алжир), Гарсија/Паолантони (Аргентина), Коњичанин/Коњичанин (БиХ), Хорачек/Новотни (Чешка), Хансен/Мадсен (Данска), Гарсија/Марина (Шпанија), Бонавентура/Бонавентура (Франција), Шулце/Тенис (Германија), Кутлер/Мерц (Германија), Биро/Кис (Унгарија), Начевски/Николов (МАКЕДОНИЈА), Павичевиќ/Ражнатовиќ (Црна Гора), Брунер/Салах (Швајцарија).

Се вчитува...