Потврда од Дортмунд: Нико Ковач ќе биде новиот тренер на Борусија

Нико Ковач е изборот на раководството на Борусија Дортмунд за нов предводник на „милионерите“ откако управата на овој клуб преговараше со неколку стратези по разделбата од Нури Сахин.

Еден од кандидатите беше и Ерик тен Хаг, но челниците на клубот решија да го ангажираат 53-годишниот Хрват чиј последен ангажман беше како предводник на Монако.

„Точно е, можам да потврдам дека постигнавме целосен договор со  Нико Ковач. Тој ќе биде наш тренер и ќе почне со работа од недела“, изјави менаџинг-директорот на Борусија, Ларс Рикен.

Се вчитува...